Што лекува лушпата од јајце?

Лушпата од јајце содржи 90% калциум и претставува најдобар извор на овој минерал. Телото лесно го апсорбира бидејќи лушпата од јајце според хемискиот состав е идентична со човечките коски и забите. Покрај тоа, лушпата на јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа, многу експерти ја проучуваат употребата на мелени лушпи од јајце како природно и многу делотворно надополнување со калциум. Во зависност од возраста, препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама мелена лушпа од јајце.

Лек за штитна жлезда

Лушпи од осум јајца добро измиени, се сушат, мелат во прав или ситно се дробат, па се преливаат со сок од два лимона. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите да се стопат. Се процедува а течноста се меша со еден литар ракија и килограм мед. Се остава да отстои една седмица, пред употреба.

Употреба: по една супена лажица, 2-4 пати дневно после јадење.

Лек за гастритис, чир

Една лажица мелени лушпи од јајца се мешаат со една лажица мелено мускантно оревче. Сето тоа се меша со две лажици лимонов сок. Се остава во фрижидер неколку дена додека лушпите целосно да се стопат. Потоа се додава 100 мл топло млеко.

Употреба: двапати дневно, наутро, на празен желудник и навечер пред спиење, по една супена лажица.

За јакнење на организмот и чистење на крвта

Лушпи од 4-5 јајца добро измиени, се дробат и се ставаат во 3 литри вода. Се чува во фрижидер една седмица и се користи како вода за пиење.

Употреба: 2-3 чаши од водата со малку лимонов сок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.