Лекарите советуваат внимателно со храната за празниците!
Прејадувањето го покачува крвниот притисок, го зголемува ризикот од срцев удар, може да предизвика воспаление на панкреасот, мачнина и други сериозни здравствени проблеми , предупредуваат експертите за исхрана. Доктор Спироски од Институтот за јавно здравје советува овие семејни празници кои изобилуваат со многу храна посебно внимателни да бидат лицата кои мислат дека се здрави, а тоа не им е потврдено од лекар.
– Треба да се внимава со храната бидејќи прејадувањето може да биде животозагрозувачки проблем. Посебно да внимаваат оние кои мислат дека се здрави, а состојбата не им е потврдена од лекар, изјави д-р Игор Спироски, Институт за јавно здравје.
Граѓаните кои ги практикувале Божиќните пости постепено да се вратат кон нормалната исхрана.
-Не треба враќањето кон нормалната исхрана да биде драматично за да не се преоптовари организмот додава д-р Спироски.
Лекарите советуваат дека физичката активност на чист воздух е најдоброто решение за прејадувањето, а оние кои живеат во места каде воздухот е загаден да не претеруваат со јадењето