Разведените луѓе имаат поголем ризик за инфаркт!

Разведените луѓе имаат поголем ризик за срцев удар (инфаркт) во однос на своите врсници кои остануваат во брачна заедница, покажуваат резултатите од истражување спроведено во САД. Експертите дошле до овие податоци во текот на 18 години со анализирање на 15.287 испитаници. Врската меѓу инфарктот и разводот била поизразена кај жените, дури и кај оние кои повторно се омажиле.

Разводот кај жените бил поврзан со 24 отсто поголем ризик за инфаркт и речиси 77 проценти поголем ризик кај испитаничките кои се развеле повеќе пати. Кај мажите разводот бил поврзан со 10 отсто поголем ризик за срцев удар, а оние кои се разведувале повеќе пати имале просечно 30 проценти поголем ризик. Научниците од Универзитетот Дјук веруваат дека оваа појава е последица на хроничниот стрес поврзан со разводот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.