Видео сторија: Како да се живее со дијабетес од најрана возраст?

– Ова секојдневно го правам, секогаш прво мерам шеќер за да знам што да нарачам…

Вака почнува денот  на 23 годишната Рената која е дијабетичар. Рутина на која е навикната и воопшто не и преставува проблем. Кога нарачавме кафе шеќерот и беше 11,6. Рече дека не е идеална бројка, но веднаш знаеше колку инсулин треба да прими.

-1,5 единица, само што го направив тоа и сега можам да пијам кафе. По два часа повторно ќе измерам и ќе видам дали е регулирано, вели Рената

Понекогаш и десетина пати во денот Рената го мери шеќерот. Има вградено инсулинска пумпа со која ја регулира состојбата. Насмеана, расположена и зборлива раскажува дека и со дијабетес се живее нормално.

-Станувате наутро, мерите шеќер, се средувате и одите на работа, вели Рената.

А се почнало кога Рената имала девет години. Многу пиела вода и губела од тежина по што завршила на Детска клиника со многу висок шеќер. Веднаш била ставена на инсулин. Тогаш најтешко и паднало кога слушнала дека не смее да јаде благо.

-Знаете кога на дете ќе му кажете дена не смее торти, колачи е многу тешко и тоа ми беше во тоа време најголем проблем. Но подоцна дознав дека може и тоа да се јаде но добро да се контролира, вели Рената.

Бурен период во животот на Рената е кога била во основно образование. И било тешко на почетокот соочена со предрасуди и стереотипи на соучениците бидејќи на големиот одмор морала да се боцка и да прими инсулин. Но и тоа го надминала.

-Дека сум наркоманка бидејќи се боцкам во рака, шеќерашка, шекерна трска..се уште ми одекнуваат овие навреди од училиште ама веќе не ме повредуваат, вели Рената

Од 10 годишна возраст како играорка ја прошетала цела Европа, а иако е млада има и богато работно искуство.

-Имам работено како администратор, потоа во утринската на Сител Ја сакам Македонија, како репортер во повеќе портали а сега сум бебиситерка, вели Рената.

Дијабетесот не и е пречка на Рената во приватниот живот. Има многу пријатели кои ја подрржуваат но и и се восхитуваат на храброста и пожртвуваноста.

-Не ми пишува на чело дека сум дијабетичар. Секогаш се фасцинираат луѓе кога ќе седнам на маса и прво го мерам шеќерот, вели Рената.

Оваа девојка е и претседател е на здружение за дијабетичари со кои ги споделуваат искуствата и вели иако се трудат да функционираат, се соочуваат и со проблеми.

-Квалитетен инсулин, понекогаш ни фали инсулин да задоцни испораката, вели Рената.

Рената не застанува тука. Има вели уште многу што да се зборува, но тоа кога ќе го пиеме следното кафе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.