Квалитетна телевизиска програма позитивно влијае врз децата!
Најновата американска студија покажува дека квалитетна и позитивна телевизиската програма може да го подобри однесувањето на децата.
Со истражувањето биле опфатени 565 родители на деца од три до пет години, кои една година воделе дневник што нивните деца гледаат на телевизија. Половина од родителите имале задача да ги поттикнат децата да гледаат позитивна телевизиска програма, додека другата се трудела нивните деца здраво да се хранат. По шест месеци децата и од едната и од другата група напредувале, но не трајно, бидејќи нивните родители не ја знаеле поенатата на студијата, што се наведува како голем недостиг.
Пред почетокот на истражувањето, децата од двете групи гледале телевизија просечно по 1,5 часа дневно, од кои 25 отсто од содржината била насилна. До крајот на студијата двете групи го зголемиле времето за гледање за 10 проценти, но затоа децата од првата група гледале поквалитетна програма, додека децата од групата кои биле насочени кон исхраната гледале понасилни содржини.
Децата од предучилишна возраст просечно поминуваат четири часа дневно пред телевизор, што е двојно повеќе отколку што се препорачува.