Овие 10 работи никогаш не ги правете додека сте на работа!
Навидум едноставни изјави можат да бидат погубни, па поради тоа внимавајте што зборувате.
„Бизнис Инсајдер“ објави листа на 10 навидум невини фрази, поради кои би можеле да добиете отказ.
1. Јас тука не можам ништо да направам
Малку е веројатно да се исцрпат сите опции, а оваа фраза звучи како да ја избегнувате работата и одговорноста.
2. Тоа не е чесно
Поради такви изјави звучите како плачко. Животот не е фер, пораснете. Направете го тоа што мора и продолжите понатаму.
3. Тоа е невозможно
Поради вакви изјави делувате неамбициозно. Ако доволно се потрудите сигурно можете да најдете некое решение.
4. Тоа не е моја работа
Без оглед на тоа дали нешто е ваша работа или не е, вакви обвиненија ги користат тие кои не се тимски играчи. Ако шефот ве замолил нешто да направите, тоа станало ваша работа.
5. Знаете што ми се случи вчера…
Откривањето премногу детали за приватниот живот може да предизвика нелагодност кај колегата и да ве прикаже како непрофесионалец. Во ред е да се пожалите на колегата во текот на паузата за ручек, но поради јавно изнесување на проблеми можете да заработите отказ.
6. Платата е мизерна
Ако не сте задоволни со платата, шефот или колегите, бидете тивки, продолжите да работите и побарајте некое подобро решение.
7. Мојата фирма е ужасно место за работа
Дали било Фејсбук, Твитер или Инстаграм, немојте да мислите дека работодавецот не проверува што се зборува за него на социјалните мрежи.
8. Не сум доволно платен за ова
Поради вакви изјави излегувате мрзливец, кој не ги цени шансите кои ви се пружени. Ако мислите дека заслужувате покачување одработете го тоа професиоанално.
9. Ќе се обидам
Оваа изјава открива недостиг на самодоверба кога се работи за фаќање во костец со новите работни предизвици.
10. Изгледаш уморно
Не е примерно да се коментира изгледот на колегата. Ако немате да кажете нешто позитивно, подобро молчете.