Условите во станот влијаат на здравствената состојба
Централното греење и поставувањето добра топлинска изолација на зградата помага на физичкото и менталното здравје, покажува британско истражување.
Неколку истражувања досега ги поврзуваа лошите станбени услови со лошото здравје, но научниците го доведуваа во прашање квалитетот на тие докази, вели Томсон и појаснува дека било тешко да се раздвојат факторите на лошите станбени услови од другите фактори кои играле улога, како возраста и сиромаштијата.
Според резултатите од истражување објавено во списанието „Cochrane Library“, со лошото здравје во домот најчесто се поврзани неквалитетниот воздух, греењето и влагата, присуството на радон, вревата, прашината, чадот од цигари, пожари.
За да утврдат дали унапредувањето на топлотните услови во станот може да резултира со „опипливо“ подобрување на здравјето на станарите, британскиот тим ги анализирал резултатите од 39 претходни меѓународни студии.
Утврдиле дека на пример во зграда во која е поставена надворешна топлинска изолација бројот на лица со лоша здравствена состојба се намалил за 40 отсто.