Проверете дали имате недостаток од железо?
Симптоми:
– бледило на бојата на кожата
– вртоглавица
– поспаност
– слабост
– замор
– губење на апетитот
– срцебиење
– зашеметеност
– анемијата неретко води и до нерасположеност
Ниту еден од овие симптоми немојте да ги потцените. Исто така анемијата може да биде причина за сексуални дисфункции, главоболки, нервоза, заборавеност, недостиг на концентрација и лоша работна активност.
Не е неопходно да се имаат сите симптоми, кај секој човек се појавуваат други. Ако немате време да посетите лекар, внимавајте што јадете. На својата чинија ставете повеќе говедско месо, грав, ореви, овошје и зеленчук. Исто така јадете намирници богати со витамин Ц, а избегнувајте млеко и кофеин.