Колку шеќер содржат алкохолните пијалоци?
Еден литар пиво содржи над девет лажички шеќер, што е над препорачаната дневна количина шеќер за возрасни.
Експертите од Светската здравствена организација препорачуваат дека мажите не треба да конзумирааат над осум лажички или 32 грама шеќер дневно, додека за жени се доволни шест лажички или 24 грама шеќер дневно.
Љубителите на џин тоник треба да знаат дека еден литар од овој пијалок содржи пет и пол лажички шеќер, додека светлото пиво содржи три и пол лажички.
Количината шеќер во виното зависи од сортата, па така слаткото вино има поголема концентрација на шеќер од чаша суво бело вино.
Голема чаша црвено вино има само четвртина лажичка шеќер, додека вареното вино содржи дури 11 лажички шеќер.
Вотката, џинот и вискито имаат минимални траги на шеќер, освен ако не се мешаат со газирани пијалоци, додека една чаша ликер има околу четири лажички шеќер.
Една доза суво шери има четвртина лажичка шеќер, во споредба со слаткото шери кое содржи околу две лажички.
Затоа додека уживате во вашиот омилен пијалок не заборавајте шеќерот што се крие во него да го вборите во дневниот број на внесени калории.