Дали смеењето е штетно по здравјето?
И покрај придобивките од смеењето, за некои луѓе е докажано дека може да биде поопасно отколку што се очекуваше. Како што пренесуваат странски медиуми, веќе бил регистриран и случај на жена со слабо срце која починала по кратко смеење.
Експертите велат дека смеењето кај некои луѓе може да доведе до проблеми со срцето, дури и до епилепсија. Некои добивале напад на астма, па дури и кила после смеење. Дел од резултатите на истражувачи кои ги анализирале податоците од 1946 година до денес, покажале дека е точно оти смеењето може да согори и до 2000 калории ако тоа трае цел ден. Но исто така, тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Во болница завршиле неколку кловнови кои ја забавувале публиката.
“Смеењето е добро бидејќи тоа води кон ослободување на напнатоста кај луѓето, сепак, секое претерување може да донесе проблеми, додека кај некои луѓе и вообичаената смеа може да предизвика проблеми”, заклучиле експерти.