Ако сте поспани, причината барајте ја во храната!
Медицинскиот факултет од Пенсилванија ги разочара сите љубители на мрсната храна кои сметаат дека хамбургерот им дава енергија и шницлата им дава сила. Научниците докажаа дека мрсната храна ви ја одзема силата наместо да ви даде енергија.
Зголеменото количество маснотии во храната ве прави поспани и ви го уништува денот. Секој оној кој ќе претера со мрсното не ќе може лесно да се сконцентрира на работата ниту да ги обавува секојдневните обврски, на страна фактот што маснотиите предизвикуваат огромен број срцеви заболувања и некои форми рак.
Истражувањето опфатило совршено здрави испитаници со нормална тежина и кондиција кои на крајот се чувствувале преморено, нерасположено и без мотивација.