Простувањето на некој што ви згрешил ќе ве направи поздрави и посреќни!
Ако му простите на партнерот што ве изневерува, на свекрвата која често приговара, на дрскиот колега или пак возачот кој ви го земал паркинг местото пред нос, значи сте направиле нешто добро за вашата здравствена состојба. Психолозите велат дека простувањето е клуч за здрав, среќен и балансиран живот. Оние кои простуваат се под помал стрес, имаат подобар однос со партнерот, пријателите и колегите. Исто така се под помал ризик од тешки болести како депресија, срцеви заболувања, мозочен удар и рак.
Последицата на токсични мешавини од гнев, огорченост, омраза, лутина и страв дека повторно ќе бидете понижен или повреден е причина за висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести, нарушена меморија и невролошки заболувања. Простувањето е како мускул, почнете со вежбање кај помали навреди а потоа продолжете да се соочувате со посилните. Колку повеќе покажете чуства кон оној што ве навредува толку поретко ќе ве мачат главоболки. Освен тоа ќе бидете поздрави а простувањето ќе ве направи и посилни на психолошка основа.
Простувањето не значи дека сте слабак. Напротив, секогаш дејствува добро на физичкото и менталното здравје па дури и кога станува збор за сексуален напад или пак убиство на член во семејството. Според психолозите луѓето кои простуваат се помалку лути и загрижени и имаат поголема самодоверба. Истражување направено во САД покажало дека злопамтилата и луѓето кои не знаат што е простување имаат повеќе проблеми со крвниот пристисок и срцето.