Повторно затруени вработени во фабриката Леар во Тетово

Затруени се 25 вработени од фабриката Леар, во ТИРЗ Тетово. Првите знаци на труење најпрвин добиле четири лица. Тие утринава појадувале салама и паштета. За кратко почуствувале симптоми на гадење, вртоглавица, повраќање. Побaрале помош од Брзата помош во Тетово, која веднаш со свои екипи пристигнала во кругот на фабриката.

– Ние веднаш интервениравме кај четворица пациенти во фабриката Леар. Им дадовме соодветна терапија, и потоа ги препративме на инфективното одделение. Потоа дојде група од неколку лица во Брзата Помош во Тетово кои имаа симптоми на труење, но и тие откако им укажвме помош за кратко се пуштени на домашно лекување, рече Гзим Нуредини началник на Брза помош Тетово.

Дел од затруени директно побaрале помош и на инфективнот одделение при Клиничката болница во Тетово. Откако таму примиле соодветна терапија пуштени се на домашно лекување.

И во месец март во фабриката Леар од јадење, беа затруени околу 220 вработени.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.