Дали старите се посреќни од младите?

Луѓето најмногу се насмевнуваат за време на летните месеци, особено во раните вечерни часови. За време на животот насмевка на лицето имаме 500 000 пати а по 55 тата година од животот луѓето се насмевнуваат многу повеќе од другите. Се чуствуваат посреќни како поблиски пензионери, покажува едно американско истражување. Експертите укажуваат дека младите немаат многу желба за смеење, бидејќи се во трка по кариера. Оние под 55 години не само што помалку се смеат туку многу поверојатно е да имаат лажна насмевка особено на работа кога комуницираат со шефот. Студијата покажала дека лицата постари од 55 години се насмевнуваат повеќе од 10 пати дневно што е далеку повеќе од помладите. Дури 70 проценти од лицата кои припаѓаат на оваа група изјавиле дека никогаш немаат лажна насмевка што укажува дека се најдреќната возрасна група. За споредба, лицата на возраст од 35-44 години најмалку се смеат. пет проценти од оваа група изјавиле дека никогаш не се смеат. Во истражувањето е наведено дека кај помлада популација е забележана појава на шкрипење и стискање на забите што е резултат на невиден притисок на работното место.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.