Ученици од скопско училиште со големо срце – Наместо за ужина парите ги собираат за лекување на болен другар

Да го разбудиме Павел…ова е мисијата на учениците од 8а во Партенија Зографски, кои секој денар го даваат за нивниот другар со кого заедно учеле. Не трошат пари за ужинки и сокчиња, туку ги собираат во кутија за донации за да помогнат во лекувањето на 12 годишното дете кое е во болница во Англија. Павел за време на велигденските празници доживеал струен удар кога се качил на вагон од воз. Веќе еден месец е во кома и потребна му е нова операција. За подвигот на малите херои со големо срце, на почетокот не знаеле ниту нивните родители ниту наставниците. Тие самите меѓусебно се договориле дека мора да го спасат Павел. Кога за тоа го известиле класниот раководител, тој бил изненаден од нивната храброст и пожртвуваност. Вели дека за него се вистински борци.
-Јас сум премногу изненаден колку тие размислуваат позитивно, да му помогнат на другарчето со кое учеле. Ги слушам како велат, денес нема да јадам ќе дадам 30 денари з аПавел. јадењето не им е важно, важен им е човечкиот живот и колку на таа мала возраст знаат што значи човечки живот и што значи хуманоста, вели Јовица Ристиќ, одделенски наставник на 8А одд во ОУ Партенија Зографски.

Не само што ги донираат нивните пари, овие хумани деца со кутијата за донации поминувале низ сите одделенија во училиштето. Покрај тоа, самоиницијативно се организирале и во подготовка на постери и флаери кои ги лепеле низ општината.
-Кога дознаа дека е во кома, ми рекоа, ние како деца наставнику мора да му помогнеме ќе правиме постери и флаери, вели Ристиќ.
Во оваа хумана мисија децата не се веќе сами. Веста за нивниот подвиг и состојбата на Павел ги преплави социјалните мрежи па им се приклучија и возрасните. Најавуваат и хуманитарни манифестации за собирање на финансиски средства. Инаку Павел учел во Партенија Зографски до седмо одделение и птооа со семејството се преселиле во Англија. Во Скопје дошле за велигденските празници кога се случила несреќата.
-Овој случај е доказ дека возраста нема граници кога е во прашање хуманоста. Кога сите би размислувале како осмоодеделенците од Партенија Зографски, проблемите полесно ќе ги решаваме.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.