На колку години кај детето може да се одреди дали ќе биде дебело?

194

Дебелината на децата во САД често се појавува уште  во градинка а половина од оние кои се дебели на возраст од 14 години имале вишок килограми уште на 5годишна возраст, покажува истражувањето објавено во списанието New England Journal of Medicine.
Истражувачите ги анализирале податоците за децата во градинка од 1998 и 1999 година и на репрезентативен примероксе  обиделе да докажат која возраст е најчувствителна за развој на дебелината и кои групи се најранливи .

“До сега, малку се знае кога децата ќе станат дебели, објаснуваСолве Канингем , асистент на Факултетот за јавно здравство на Универзитетот Емори во Грузија , главен автор на истражувањето. “Голем дел од ризикот од прекумерна телесна тежина се чини дека е таму, многу рано во животот ” .

Истражувањето покажува дека според  индексот на телесна маса , 12,4 проценти од американските деца тргнуваат во градинка дебели а 15 отсто со прекумерна тежина. Од осмо одделение, 21 проценти од нив се дебели , а 17 отсто се со прекумерна тежина .

Речиси половина од децата кои се со прекумерна тежина или се дебели ,  станале дебели тинејџери.

Најголемата промена во однос на растот на тежината се јавува помеѓу шест и осум години, и многу малку промени има помеѓу 11 и 14 години.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.