Овој чај го зајакнува имунитетот!

Ако сте подложни на чести настинки и воспаленија, копривата ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот, бидејќи е богата со бакар, витамин Ц, магнезиум, манган и цинк.

Копривата содржи многу железо поради што се смета за верен борец против анемија. Оваа болест често ги погодува децата, адолесцентите, бремените жени и постарите лица, а железото многу тешко се надоместува преку храната. За да избегнете разни таблети, најдобро е да пиете чај од коприва.

Мажите можат да имаат голема корист од копривата бидејќи таа со години се користи за лечење на простата по природен пат и спречување на појава на малигни тумори на оваа жлезда.

Чајот од коприва е одличен и за лица кои имаат проблеми со поленска грозница која предизвикува неконтролирано чешање, иритација, црвенило на очите и кивавица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.