Како да препознаете дали сте вљубени?

Овие три знаци кои често ги поврзуваме со љубовта, но всушност укажуваат само на пријателство, флерт, загреаност и збунетост…

1. Забава

Ако Ви е забавно со партнерот, ако го сфаќа Вашиот хумор и Ве засмева, тоа не мора да значи дека сте вљубени и дека сте со „љубовта на Вашиот живот“.

2. Пеперутки

Фамозните „пеперутки“ во стомакот сите ги сметаат за знак на љубовта, иако тие се појавуваат и во разни други моменти. На пример, кога девојката купува нови чевли или пак, кога момчето следи неколку фудбалски натпревари, држејќи в рака ливче од спортска прогноза.

3. Страст

Доколку совршено Ви одговара в кревет и целосно Ве исполнува, тоа повторно не е знак на љубов, туку едноставно – сексуална хемија и компатибилност. Што, сепак, не мора да значи дека врската ќе успее ниту пак, дека ќе трае.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.