Кои мажи се најверни според хороскопот?

178

Раковите најмногу тежнеат кон сигурна врска полна со љубов, во која нема место за прељуба. Раковите никогаш не се целосно среќни додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се вљубат секогаш размислуваат долгорочно.

Тие цел живот само трагаат по личност со која ќе изградат дом и ќе основаат семејство. Ракот дава многу и исто толку и бара. Сака внимание, сака да му се докажува љубов, но секогаш враќа со иста мера.

Кога ќе наиде на проблеми во врската, тој не ги избегнува и туку инстнатно ги решава бидејќи не сака нешто да му застана на патот. Не ни помислува на прељуба како метод за решавање ма проблемите затоа што е верен до самиот крај.

Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоко доживуваат се што се случува околу нив.

Тие се молчеливи, внимателни и таинствени. Повеќето не се грижат и не се плашат толку за себе колку за своето семејство, а поготово за децата. Имаат посебно чувство за потомството, а исто и за зачувување на традицијата. Кога се во прашање оние што ги сакаат , несомнено ќе застанат во нивна одбрана.

Религиозни се, повеќе ги ценат духовните предности од метеријалните, а љубовта им е најважна, полни се со великодушност, чувствителност и грижливост…

Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по верноста, доста верни знаат да бидат и Биковите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.