Спасете се од главоболката на природен начин
При честите, секојдневни главоболки веќе и пиењето на апчиња не помага.
Има некои производи кои навистина опуштаат и ја намалуваат главоболката.
Така на пример, една шоља кафе може да ја намали главоболката. Затоа што кофеинот е состојка која ја има и во апчињата против главоболка.
Масло од лаванда – исто така може да ви помогне. Мала масажа на челото и во областа кај слепоочниците навистина ќе ве опушти.
Чај од ѓумбир – Познато е дека ѓумбирот е ефикасен лек за мигрената. Освен тоа што ќе ја намали болкта во главата исто така ја отстранува и мачнината која е пропратна при мигрената.
Зелка – Земете еден лист зелка изгмечете го убаво да излезе течноста од него. Листот ставете го како облога на челото, а и сокот исто така помага при болка.
Компир – измијте еден компир и пресечете го на пола. Со половинката тријте го челото и слепоочниците, се додека не почне компирот да се суши. После неколку минути болката сигурно ќе се смири.