Ако не ве расонува утринското кафе значи погрешно сте го испиле

И покрај тоа што кофеинот ииим помага на луѓето да се расонат, многу од нив ниту по утринското кафе не можат очи да отворат. Истражување спроведено врз возачи покажало дека оваа состојба сепак може да се надмине. Најдобар трик за тоа е – уште сон.

Стручњаци од лабораторијата за истражување на спиењето при Универзитетот во Лафбороу во Велика Британија дошле до заклучок дека уште петнаесет минути сон по првото кафе ја зголемуваат будноста.

На кофеимот му се потребни 45 минути да се свари. Тоа е, сепак, предолго за спиење, бидејќи тогаш мозокот влегува во подлабоки фази на сонот. Истражувањето покажува дека најдобро решение се петнасетина минити.

Кофеинот го блокира создавањето аденозини кои се трупаат во организмот кога човекот е подолго буден и на крајот го успуваат. Затоа, ако заспиете веднаш по кафето и успеете да го прејдете организмот, полесно ќе се разбудите и ќе бидете свежи за новите дневни обврски.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.