Овие симптоми укажуваат дека глутенот ви пречи!
Се проценува дека околу 40 проценти од светската популација е нетолерантна на глутен. Доколку имате некој од следниве симптоми, тоа би можело да значи дека и вие спаѓате во оваа група.
Ова се десетте знаци дека глутенот ви пречи:
– Дигестивни нарушувања, како гасови, надуеност, дијареа, па дури и опстипација (најизразено е кај деца по консумирањето на глутен)
– Кератоза пиларис (позната како „кокошја кожа“) на рацете
– Замор по внесувањето на оброк кој содржи глутен
– Дијагноза на автоимуни болести, како Хашимотов тироидитис, ревматоиден артритис, лупус, псоријаза, улцеративен колитис, скелодерма или мултипла склероза
– Невролошки симптоми, како вртоглавица или чувство дека немате рамнотежа
– Хормонална нерамнотежа
– Мигрена
– Дијагноза хроничен замор или фибромијалгија
– Воспаление, оток или болка во зглобовите (прсти, колена, колкови)
– Проблеми со расположението, како анксиозност, депресија и промена на расположението.