Бебе починало од морбили во Романија – Досега регистрирани 46 смртни случаи

Досега 46 лица починале од морбили во Романија. Последниот регистриран случај е деветмесечно бебе од Констанца.

Националниот центар за надзор на заразни болести соопшти дека бебето не било вакцинирано.

Оваа недела во Романија се регистрирани 204 нови случаи на морбили, со што вкупниот број на потврдени случаи на оваа заразна болест во земјата изнесува речиси 12.000 болни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.