Зошто научниците тврдат дека минералната вода е штетна?
Научници од Consensus Action on Salt and Health од Велика Британија, спровеле студија и заклучиле дека во минералната вода има и до 11 пати повеќе сол отколку во обичната вода од чешма.
Експертите ја анализирале минералната вода од десет различни производители, кои потрошувачите најчесто ја купуваат. Резултатите покажале дека овој вид на минерална вода содржи од два до единаесет пати повеќе сол од обичната сол која се користи во домаќинството.
Со оглед на тоа, редовното и прекумерно конзумирање на минерална вода може да предизвика сериозни здраствени проблеми, како камења во бубрезите, висок крвен притисок и се зголемува ризикот од појава на мозочен и срцев удар.
Нутриционистот Соња Помбо, нагласила дека личностите кои инаку имаат проблем со високиот крвен притисок, треба целосно да престанат со конзумирање на минералната вода.