5 цигари на ден се исто толку штетни колку и 40

Ако мислите дека 5 цигари на ден не му штетат на вашето здравје, еве што одкрија најновите истражувања за ова.

Научниците дошле до резултат дека и 5 цигари дневно им штетат на белите дробови на ист начин како и 2 кутии цигари дневно.

Од универзитетот Колумбија порачуваат дека пушењето неколку цигари дневно е всушност поопасно отколку што мислат луѓето. Во истражувањето учествувале 25 илјади волонтери од кои некои биле активни пушачи, некои пушеле неколку цигари дневно, а некои биле поранешни пушачи.

Воочена е многу мала разлика во функционирањето на белите дробови помеѓу пушачите кои палат 30 цигари дневно и оние кои пушат по 5 цигари дневно. Тоа значи дека послабите пушачи го губат капацитетот на белите дробови за 12 месеци, додека кај активните пушачи тој период изнесува 9 месеци.

“Разликата помеѓу капацитетот на белите дробови кај луѓето кои пушат во помала и луѓето кои пушат во голема количина е занемарливо мала. Сите би требало да бидат мотивирани воопшто да не пушат цигари, без оглед на нивниот број”, вели водичот на студијата, д-р Елизабет Оелснер.

Истражувањето во кое учествувале академици е објавено во магазинот “The Lancet Respiratory Medicine”.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.