Кој зеленчук е похранлив кога е термички обработен

Иако знаеме  дека сировиот зеленчук е подобар од термички обработениот, тоа не важи баш за сите зеленчуци. Со готвењето на одреден зеленчук се разбива нивната структура, за да може нашиот организам полесно да ги  искорист хранливите состојки.

На оваа листа зелечуци се:

Морков

Антиоксидантот бета каротен кој се наоѓа во морковот, за нашиот организам подобро е да го јадеме зготвен. Сировиот морков е вкусен и одличен избор за меѓуоброк, но зготвен, желудникот подобро го вари.

Спанаќ

Приготвениот спанаќ има двојно повеќе калциум од сировиот, а организмот полесно ги апсорбира железото, магнезиумот и антиоксидансите.

Кељ

Со готвењето на кељот, се зголемуваат количините на витамините А и К, како и корисните влакна.

Печурки

Едноставно, печурките мора термички да се обработат, за да се избегне ризикот по здравјето, бидејќи со готвењето се „убиваат“ токсините кои би можеле да предизвикаат труење. Печурките обично тешко се варат сирови, а не се ниту така вкусни кога се „живи“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.