10 наследни болести кои се пренесуваат низ генерациите

Многу е важно да се знае семејната медицинска историја

Ако се прашувате дали имате зголемен ризик од добивање одредени болести бидејќи во блиското семејство имате некој што пати од нив, не сте загрижени без причина. Многу е важно да се знае семејната медицинска историја. Познавајќи ги факторите на ризик треба да обрнете внимание на раната превенција. Не го игнорирајте разговорот со вашиот лекар. Може да испадне дека немате никаква причина за грижа, а ако има – подобро е да бидете навреме свесни за тоа за да ги промените животните навики доколку е потребно.


Ви ја претставуваме листата од 10 најчести болести и здравствени состојби кои се пренесуваат низ генерациите.

 

1. Рак

Оваа болест е природно да предизвикува загриженост. Но, неколку видови рак се пренесуваат низ генерацијата на едно семејство. На прво место е ракот на дојка, и ако вашата мака, тетка, сестра или баба имала рак на дојката, особено ако го имала во младите години, многу е важно редовно да одите на превентивни прегледи. Уште еден вид канцер кој се пренесува во семејството е рак на дебелото црево. Големо значење за потенцијален ризик кај одреден поединец имаат старосната возраст и бројот на членови на едно семејства кај кој ракот се јавил.

Ракот на јајници исто така понекогаш се пренесува од генерација на генерација. Ако имате случаи со рак на јајници во фамилијата, важно е да направите скрининг и за тоа мора да го известите вашиот гинеколог. Ракот на простатата понекогаш се јавува во генерациите, и ако овој тип рак се јавил кај некој близок роднина во младите години (на пример кај вашиот брат, татко, вујко, чичко во 40-та или 50-та година) многу е важно да почнете да се контролирате редовно после 30-тиот роденден.

2. Кардиоваскуларни болести

Ова ги вклучува и мозочните удари и срцевите болести. Постојат многу фактори кои допринесуваат за вкупниот ризик, вклучувајќи ги и животните навики како што се пушење, неактивност или неправилна исхрана. Но, се наследува и склоноста кон кардиоваскуларни болести посебно низ зголемен крвен притисок и покачен холестерол.

Вашиот лекар би требало да обрне внимание на вашиот крвен притисок и нивото на холестерол доколку имате историја со кардиоваскуларни болести во семејството. Добрата работа е што кај овие болести можете многу да направите преку промена на животните навики.

3. Остеопороза

Пребрзото „трошење“ на коските е нешто што често се јавува кај повеќе генерации во една фамилија. Едноставен начин да проверите како стојат работите после 40-тата година е да отидете на тест кој ја проверува густината на коските. Ова е особено важно за жените бидејќи кај нив ризикот од остеопороза е поголем отколку кај мажите.

4. Проблеми со видот

Катарактата, глаукомот и макуларната дегенерација се главни причини за загуба на видот. Раното откривање е од клучна важност за текот на лекувањето, па ако овие болести се јавуваат во вашето семејство, одете редовно на офталмолошки прегледи – барем еднаш годишно.

5. Артритис

Некои видови артритис се јавуваат од „истрошеност“ на зглобовите поради возраста, но гихтот и ревматичниот артритис се генетски условени.

6. Деменција

Добрата вест е дека иако во ретки случаи се наследува деменција вклучувајќи ја и поткатегоријата во вид на Алцхајмерова болест, овие болести се јавуваат спорадично и не го зголемуваат премногу ризикот кај останатите членови од семејството.

7. Крвни згрутчувања

Ако некој од членовите на вашето семејство имал сериозен проблем со создавање грутки во крвта (длабока венска тромбоза или пулмонална емболија), важно е вашиот лекар да биде запознаен. Абнормалностите во врска со згрутчувањето на крвта можат да бидат наследни, но релативно лесно се откриваат со едноставна анализа на крвта.

8. Дијабетес

Навиките и начинот на живот овде имаат важна улога, но наследните фактори дефинитивно влијаат на дијабетесот и тоа значајно. Колку порано станете свесни за тоа и колку порано ги воведете промените во начинот на исхрана и степенот на физичка активност, толку е помал ризикот од компликации подоцна.

9. Менструални проблеми

Нема сите проблеми поврзани со репродуктивното здравје да се пренесат по женска линија, но склоноста кон болни менструации, ендометриоза или синдром на полицистични јајници е генетски одредена.

10. Автоимуни болести

Оваа голема група состојби која вклучува болести како што се лупус, проблеми со тироидната жлезда и Целијакија, на пример, често се пренесуваат низ генерациите во една фамилија. Ако некој од членовите на вашето семејство има некаква автоимуна болест за тоа мора да го известите вашиот лекар.

На некои од овие состојби може да се влијае премногу, но за повеќето факторите за ризик можат значително да се намалат со промена на животните навики и придржување до советите од лекарите поврзани со превенција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.