Зошто во лето и во пролет на луѓето им се спие повеќе?

Симптомите се јасни: хроничен замор, расеаност, низок крвен притисок, недостаток на апетит, мрзливост, недостаток на концентрација и чести главоболки…Сите овие симптоми се дел од пролетниот замор, а единствената работа за која имате желба да ја направите е да гледате серии и филмови цел ден.

Хормони

Нашето тело се соочува со интензивна работа на хормоните. Поради дополнителните часови светлина и зголемената температура, хормоните постојано работат и нашето тело троши повеќе енергија. Не бидете строги со себе, не се обвинувајте и оставете го телото да се навикне на новите промени кои настанале и заморот ќе исчезне.

Стрес

Стресот е понекогаш неизбежен дел од денот. Сите физички симптоми на пролетен замор придонесуваат за покачување на нивото на стрес. Основното правило за намалување на заморот и зголемување на енергијата е намалување на стресот колку што е можно повеќе.

Елиминација на токсините

Зимата е период кога помалку се движиме, а повеќе јадеме и тоа најчесто потешка и помрсна храна. Доаѓањето на пролетта е одличен поттик да го исчистиме телото од токсините и отровите кои се наталожиле во текот на зимскиот период. Со детокасикацијата на организмот не само што ќе бидеме поздрави и поотпорни, ќе ни помогне да го намалиме вишокот килограми и да добиеме повеќе енергија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.