Зошто кај некои луѓе убодот од пчела предизвикува сериозни реакции?

Алергиите на убод од пчела може да варираат од благи до тешки. Во помалку тешки случаи, алергиската реакција се јавува околу местото на осилото. Во потешки случаи, реакцијата влијае на другите делови од телото.

Кога пчелата каснува нејзиното осило се откинува од телото и останува во кожата. Отровот што се наоѓа во осилото се ослободува до една минута откако пчелата го забодува осилото. Пчелниот отров содржи протеини кои влијаат на клетките на кожата и имунолошкиот систем што резултираат со локализирана реакција – болка и оток на местото на каснување, дури и ако лицето не е алергично на отровот.

Кај лицата со алергија, убодот од пчела предизвикува имунолошкиот систем да произведува антитела наречени Имуноглобулин Е (IgE). Обично IgE го штитат телото од опасни материи, како што се вирусите и паразитите. Сепак, како одговор на осилото, телото произведува IgE што предизвикува имунолошки одговор, како што е осипот, отокот и проблеми со респираторниот систем.

Симптомите на алергија на пчелин отров е различен во зависност од степенот на алергија кај лицето. Едно лице може да има блага, умерена или тешка реакција по кратко време откако ќе го касне пчела.

Според „Journal of Asthma and Allergy“, околу 5 до 7,5 отсто од луѓето ќе доживеат тешка алергиска реакција на убод од инсект во своите животи. Кај пчеларите овој ризик се зголемува до 32 отсто.

Кај многумина убодите од инсекти може да предизвикаат блага до умерена алергиска реакција во форма на локализирано црвенило и оток. За мал дел од луѓето алергиската реакција може да биде многу потешка и да бара итна медицинска помош. Фаталните реакции од убод од инсекти се поретки.

Сепак, отровот на пчелите, осите и стршените има тенденција да предизвика тешки реакции кај оние коишто се алергични. Пчелите и осите може да предизвикаат системски алергиски реакции кои се шират низ целото тело, вклучувајќи ја и кожата и респираторниот систем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.