Зошто е подобро да се спие во ладна соба?
Новата студија покажува дека спиењето во ладна соба значително го подобрува нашето здравје. Постудената спална соба би можела суптилно да го трансформира нашето кафеаво масно ткиво во поголема потрошувачка на енергија и метаболизам, па дури и преку ден.
До неодамна, научниците сметаа дека возрасните немаат кафеави масти, во во текот на последните неколку години пронајдена е многу мала количина, со величина на лажица, во вратот и горниот дел од грбот, кај многу возрасни луѓе.
Ова е многу важно бидејќи кафеавите масти за разлика од познатите бели масти, се метаболички активни. Експериментите направени со глувци покажале дека е потребно да се исфрли шеќерот од крвотокот за да започне согорувањето на калориите и за регулација на внатрешната температура на телото.
Сличен процес се одвива и кај луѓето. Нова студија, публицирана во седмиот месец годинава, од страна на Американското здружение за дијабетес, во соработка со националниот институт за здравје, го истражила влијанието на климатските услови на спалните соби во кои спиеле пет млади мажи волонтери, во текот на неколку месеци.
Момците во текот на денот го живееле својот вообичаен живот, но навечер се враќале на спиење во институтот. Сите јадења, вклучително и ручекот им биле осигурани со цел правилен внес на калории. Спиеле под проветрени лесни чаршави.
За време на првиот месец, истражувачите ја одржувале температурата на собата на 24˚, сметајќи дека неутралната температура нема да поттикне реакција на телото.
Следниот месец температурата на собата ја намалиле на 19˚, за која истражувачите сметале дека во мала рамка ќе започне да го стимулира кафеавото масно ткиво (но и дека ќе предизвика треперење – мускулите автоматски контрахираат за да предизвикаат ослободување на топлина, што инаку е стандардна реакција на пониски температури).
Следниот месец, температурата на собата повторно била зголемена на 24˚, за да ги прекинат сите ефекти од студената соба, и на крајот, последниот месец, температурата ја зголемиле за 27˚.
Во текот на експериментот, шеќерот во крвта, нивото на инсулинот и внесот на дневните калории биле редовно следени, а исто така, после секој месец се мерела и количината на кафеавите масти.