Зошто е опасно да ги отстранувате срамните влакна? Кога станува збор за депилација, жените (а во последно време и мажите) имаат избор за начинот на кој ќе го направат тоа. Но, како што вели докторката Емили Гибсон сите начини се штетни.
Било да станува збор за отстранување на влакната со ласер, восок или можеби со шеќерна паста, депилирањето на бикини зоната, како што вели Гибсон, е многу опасно и покрај раширените верувања дека е хигиенски.
Го зголемува ризикот од инфекции, но и од полово преносливи болести, особено кај помладите.
Хирурзите веќе одамна го знаат ова, тие при различни зафати ги отстранувале влакната со цел да спречат инфекција, а се случувало токму спротивното.
Кожата трпи додека се одвива депилацијата, и тоа важи за сите начини на депилација. Гениталните подрачја се особено чувствителни кога се свежо депилирани и често се случува да се појави херпес или некој друг проблем.