Здравствената состојба на заболените од коронавирус е стабилна, попладне ќе се одржи состанок за евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото
Здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.
Министерството за здравство информира дека претпладнево министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.
Меѓу другото, на средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.
Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.