Три деца од ОУ „Владо Тасевски“ во домашна изолација

Три деца од основното училиште Владо Тасевски во Козле, се во домашна изолација од денеска откако вчера во 15 часот и 30 минути било укажано дека сите дерматолози кои биле на симпозиумот во Рагуза, треба да останат дома со своите семејства. Двајца родители на децата, биле на тој симпозиум, дознава „Слободен печат“ од официјални извори во училиштето.

Сепак, отсутноста во ова основно училиште не е зголемена. Сите други деца доаѓаат на настава редовно.

Од родители на деца кои живеат во непосредна близина на еден од дијагностицираните носители на коронавирусот, дознаваме дека раководството на основното училиште Кочо Рацин во кое учат децата, донело одлука децата што живеат во непосредна близина на еден од дијагностицираните случаи, да не одат на настава.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.