Заев: Специјалисти од терциерно здравство земаат и по 140 000 денари плата!

Заев најави ново зголемување на платите за здравствените работници од пет отсто од септември 2019 година.

– Среќен сум што успеавме да изнајдеме средства, покрај ланското покачување за пет отсто, годинава да ја поченем со нови десет проценти зголемување на платите на специјалистите и пет проценти на платите на медицинските сестри, болничарите и другиот персонал. Следува и од септември 2019 уште по пет проценти. Со тоа ќе стигнеме просек од 90.000 денари вкупен приход на специјалистите, нето плата и дежурства, иако има случаи во терциерното здравство каде специјалисти земаат и по 140.000 – 150.000 денари приход или 2.500 евра плата. Ако ги споредиме со платите во Германија, можеме да кажеме дека сме направиле сериозен исчекор, нагласи Заев.

Специјалистите во внатрешноста поради немањето доволно лекари, имаат почести дежурства, па и нивните плати, дополни Заев, достигнуваат 110.000 – 120.00 денари.

-Верувам дека нивото на достоинствено живеење и работење во делот на здравството го дигаме, потенцира премиерот Зоран Заев и укажа дека средства за поголеми плати треба да се изнајдат и за Армијата, полицијата и другите институции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.