За специјалистите 10 %, за сестрите и болничарите 8% повисока плата од јануари -Епилог од преговорите на Синдикатот на Клинички
Синдикатот на Клинички центар информира дека успешно завршиле преговори за покачување на платите на вработените во кампусот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. По средбата со
премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, тие велат дека е изнајдено заедничко прифатливо решение во врска со покачување на платите на вработените во кампусот клиники ,,Мајка Тереза“, Скопје.
доктори специјалисти и наставно-научен кадар -10%, доктори по општа медицина и доктори на државна специјализација вработени во Клинички центар – 5%, здравствени работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл.) -8% и болничари – транспортери и останат помошно-технички персонал – 8%. Овие покачувања на основната плата ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година.
За административниот персонал вработен во Клинички центар е предвидено покачување на платите за 5%, кое ќе се исплатува од месец септември 2019 година. При ова, е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники ,Мајка Тереза“, Скопје”, информира Синдикатот на Клинички центар, Скопје.