За подобар имунитет одмарајте ги нозете секоја вечер во ледена вода!

Имате проблем со слаб имунолошки систем? Професорот д-р Сергеј Бубновскиј, руски експерт, ни го нуди најпростото решение!

Секоја вечер, кога ќе се вратите дома по напорниот работен ден, ставете во када или лавор 10-15 сантиметри сосема ладна, ледена вода. Никако не додавајте топла вода! Потоа влезете боси во када и тапкајте со нозете по ледената вода само 10-15 секунди! Можете дури и да заиграте на некоја весела музика.

Потоа излезете од кадата и избришете ги нозете со груба фротирска крпа и облечете волнени чорапи. Така правете секоја вечер и значително ќе го зајакнете вашиот имунитет. Ако веќе ве фатил грип, тоа е само уште една причина решително да го зајакнете својот имунолошкиот систем. Потоа тапкајте со боси нозе во студената вода на секои 4 часа. Не плашете се дека ќе ја влошите вашата состојба, напротив, со вакво зацврстување на телото ќе го зајакнете својот имунолошки систем, уверува д-р Сергеј.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.