Краставицата речиси и да не содржи калории, па затоа е единствениот зеленчук што може да се консумира во неограничени количини
Краставиците се полни со витамини, минерали и хранливи материи, меѓу кои и железо, калциум, магнезиум и витамини Ц, Е и Б. Високата количината на влакна го чисти организмот и ја подобрува метаболичката функција, како и квалитетот на кожата.
Луѓето што ја пробале оваа диета велат дека им помогнала за десет дена да го доведат телото до посакуваниот изглед.
Ова е планот за исхрана што мора да се следи…
Појадок: Измешајте 200 грама сечкани краставици со немасен јогурт.
Ручек: Парче леб и голема чинија салата со краставици. Со салатата јадете и 2 варени компири, а може да испиете и незасладен чај или кафе.
Друг предлог за ручек е комбинација од туна и исечкани краставици или варено јајце или печено бело месо.
Се препорачува и да направите смуди од 1 краставица, 1 јаболко и дланка спанаќ, 20 грама бадеми или ореви и малку ѓумбир. Ова смуди е замена за вечера.
А може да вечерате и 300 грама овошје, ако не пиете смуди.
Имајте на ум дека оваа диета е строга. Станува збор за пост и не смее да се практикува подолго од 10 дена.
Се препорачува 7 дена да го следите овој режим на исхрана, а кога ќе се вратите на нормалниот режим на исхрана, јадете што поздраво и практикувајте физичка активност.