Вработените во градинките нема повторно да бидат тестирани за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека пред најавеното реотворање на градинките в среда кадарот кој работи во нив нема повторно да биде тестиран за Ковид-19 бидејќи алгоритмите за третман на евентуално заразени се доволни да се следи инфекцијата.

Тој смета дека не било безцелно скрининг тестирањето во мај кога беа земени брисеви на 4.448 негувателки и воспитувачки, а од нив 20 беа позитивни на Ковид-19.

Тогаш иако имаше најава не беа отворени градинките во јуни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.