Во Македонија фалат гинеколози, ама не и стоматолози нив ги има на претек!!
Намалување на државните квоти за упис на студенти по стоматологија. Ова го бара еснафската комора бидејќи во државата има хиперпродукција на овој кадар. Околу 2700 имаат лиценци, но колку од нив прават пломби на заби, или пак, работат надвор од струката, од Стоматолошката комора ќе го знаат точниот број со изготвување на регистарот. Велат дека многу нивни колеги завршуваат факултет и наместо во ординации работат во други фирми или инситуции што немаат допирна точка со нивниот занает.
-Тоа ни е проблем голем, бараме од државата огрнаичувањ ена уписите во државните квоти бидејќи за оние кои плаќаат не може да забраниме. На пример, Во Холандија во Ротердам поради хиперпродукција го затвориле факултетот за стоматологиај, а подоцна се соочиле со недостиг на овој кадар, вели Маријан Денковски, претседател на Стоматолошка Комора.
Од Комората ќе предложат мерки до надлежните за да ги решат проблемите со кои се соочуваат стоматолозите. Најавија и зголемување на цените за странски пациенти бидејќи многу бугарски и грчки граѓани прават заби кај македонските стоматолози. Дека цените се ниски во Македонија потврди и претставникот од бугарскиот заболекарски сојуз, кој, пак вели дека во иднина нивната професија ќе претрепи големи промени.
-Во следните 20 години стоматологијата драстично ќе се смени. Со развојот на технолошките процеси – роботи, 3д апрати и ИТ инженерите ќе бидат директно инволвирани во стоматолошата дејност, вели Николај Шарков од бугарски заболекарски сојуз.
Осум стоматолошки комори од Европа чиј домаќин им беше македонската, покрај европските закони во нивната дејност разговарале и за хиперпордукцијата на кадарот и како до решение за да нема невработени стоматолози.