Во битолската болница 24 часа ќе има снимање на магнетна резонанца

Битолската болница ќе биде пилот-проект, каде од 10 август магнетната резонанца ќе работи 24 часа за да се намалат листите на чекање со пациенти.

„Има доволен број на радиолошки техничари кои можат да ја опслужат таа служба во период од 24 часа, вклучувајќи ги и викендите, и очекувам дека така листата на чекање значајно ќе се намали. Ако тоа покаже резултати, а е модел имплементиран во Загреб, Хрватска, каде листи на чекање практично снемало, тоа ќе го имплементираме и на други места во државата. Ќе направиме регионални центри каде ќе има таква услуга 24 часа. Треба да ги средиме административните работи во однос на закажувањето и Битолската болница ќе биде прва во државата каде термини за магнетна резонаца ќе се закажуваат во тек на 24 часа секој ден“, рече министерот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.