Внимавајте: Стресот е заразен!

Сите знаеме дека стресот е опасен и дека треба да го избегнуваме, но од Канада пристигнуваат алармантни вести – стресот е заразен.

Канадски научници дошле до овој заклучок откако пар глувци ги тестирале на стрес. Мозокот на двајцата глувци се променил иако само едниот од нив бил изложен на стрес, што според научниците е неверојатно.

Во секој пар имало машки и женски глушец. Едниот ќе го земеле научниците и го изложувале на умерен стрес, па го враќале кај парот.

Потоа кај секој глушец биле анализирани одредени ќелии кои го контролираат одговорот на мозокот за стрес.

Утврдено било дека мрежите во мозокот кај двете глувчиња се менувале на ист начин, што научниците ги довело до заклучок дека стресот си го пренесуваме едни на други, но не сме свесни за тоа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.