Внимавајте, опасниот грип од лани повторно присутен во земјата!
Грип од типот АХ3Н2 и официјално потврден во земјата. Дали овој вид ќе биде агресивен како и минатата сезона кога беше причина за големиот број на смртни случаи, епидемиолозите засега без одговор. Во Хрватска вчера починал пациент од Х3Н2, додека, пак, во Македонија според извештаите од Институтот за јавно здравје во болниците нема пациенти со сериозни компликации од грип.
– Имаме сентинентал надзор во болници во Скопје и прилеп и од примероците кои ги имаме земено кај ниту еден не е потврден грип. Не знаеме како ќе биде, циркулираат три подтипа, ќе видиме, вели др. Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.
Епидемиолозите пикот на грипот го очекуваат наредниот месец кога ќе заврши и училишниот распуст. Но велат дека граѓаните треба да внимаваат и овој период на празници – да избегнуваат подолг престој во затворени простории како и блиски контакти со лица кои се болни.
– Оние кои се во групата на ризични групи, доколку имаат симптоми на грип да побараат лекарска помош и секако 7 дена сдење на боледување, вели Микиќ.
Најдобра превенција според епдиемиолозите е вакцинацијата. Досега од грип се заштитиле над 40 000 лица, од кои 28 000 добија бесплатни вакцини од Министерството бидејќи се во ризичните групи. Во скопскиот цента за јавн оздравје се уште има комерцијални вакцини а надлежните бараат дополнителни дози за здравствените работници.
Од почетокот на сезоната досега има над 800 заболени со грип.