Внимавајте на црниот дроб додека не е доцна

Што најмногу го уништува и со што можете да го обновите

Црниот дроб е чистач на нашиот организам. познат и како „тивок орган“, бидејќи не се буни, но еднаш кога ќе го отруеме, се случува хаос во организмот.

Овие се симптомите кои укажуваат на тоа дека вашиот црн дроб е оптоварен:

– хроничен замор
– депресија
– чести главоболки
– несоници
– промена на расположението
– ПМС

До тоа доаѓа ако на црниот дроб му ги правите следните работи:

Претерано и зачестено консумирате брза храна, мрсна и пржена. Храната како што се чипс, крофни, помфрит, уштипци, поточно храната којашто има многу масти, е премногу оптоварувачка и токсична за црниот дроб. Таа содржи липидни пероксиди кои ги оштетуваат клетките на црниот дроб.

Претерано консумирање кафе

Претераното консумирање кафе најмногу му штети на црниот дроб на постарите луѓе. на тоа се придружува и намалената функција на бубрезите, така што, за постарите лица не е препорачливо да консумираат повеќе кафиња на ден.

Алкохол

Алкохолот се разградува во црниот дроб, а неговата неумерена количина доведува до разни оштетувања, меѓу кои и до оштетување на мозокот, панкреасот и целиот нервен систем. Токсичното влијание на алкохолот на црниот дроб вклучува и наталожување на мастите, можност за појава на хепатитис и цироза на црниот дроб,

Пушење

Цигарите имаат мноштво токсични состојки во себе, меѓу кои се бензапирен, полициклички ароматски јагленоводороди, цијанид, катран, ацеталдехид, акролеин… Сето наведено доаѓа во крвта на пушачите и оваа задача за црниот дроб е сè, само не лесна.

Отрови

Трагите на пестициди во храната се наталожуваат во црниот дроб и можат да предизвикаат хронички заболувања. Исто така, разните видови лекови, таблети и други супстанции многу лошо влијаат на црниот дроб, што и самите веќе го знаете.

Ако сакате да го исчистите црниот дроб, лекарите препорачуваат што повеќе да консумирате здрава храна, односно следните производи:

– артичоки
– лук
– јаболки
– круши
– мешунки (грав, леќа, грашок)
– зелен и горчлив зеленчук

Горчливиот зеленчук, во која спаѓаат руколата и шпарогите, кое во себе содржи био и полифеноли, претставува храна која ја чисти крвта од токсичните производи, го поттикнува работењето на црниот дроб и бубрезите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.