ВИДЕО: Вака изгледаат белите дробови на пушач и непушач
Ако ова не ве натера да ги оставите цигарите...
Сите знаеме дека пушењето цигари е штетно по здравјето, но сепак многумина не успеваат да се ослободат од оваа лоша навика.
Но, ова видео дефинитивно ќе ви помогне во одлуката конечно да преземете нешто околу ваквата зависност.
Медицинската сестра Аманда Елер од САД споделила две видеа на Фејсбук кои шокираа многумина на оваа социјална мрежа. Имено, на снимката се гледаат бели дробови на пушач и бели дробови на непушач. Самата глетка е морничава и грозна, но Аманда сакала да провери и како изгледаат дробовите кога ќе се напумпаат.
Најпрвин ги напумпала белите дробови на непушачот, а по видеото може јасно да се види како тие полека се полнат и се празнат, што е нормален процес кога вдишуваме воздух.
Gepostet von Amanda Eller am Montag, 23. April 2018
А, потоа ги напумпала и белите дробови на пушачот кои нерамномерно и брзо се полнеле. Ова се случува кога белите дробови се многу оштетени токму од цигарите.
Gepostet von Amanda Eller am Montag, 23. April 2018
Голем број на корисници коментирале под видеата и ги споделувале своите искуства со одвикнувањето од оваа штетна навика.