Луѓето кои страдаат од главоболка и мигрена знаат колку е убав животот без нив.
И додека таблетите делуваат како најдоброто и најбрзото решение за болка, на интернет се појави еден интересен трик како да се ослободите од главоболката без лекови за само две минути.
Јутјуберот Камил К. Ваврзиско е креатор на видеото кое сега има повеќе од 4,5 милиони прегледи, а во истото објаснува како да го постигнете тоа.
“Тајната е во визуализација на главоболката. Дајте ѝ боја, величина, облик и место. Ако се фокусирате на тоа, ќе замислите како болката станува сѐ помала, сѐ додека не исчезне во целост”, објаснува Камил.
Видеото го коментирале над 27 илјади луѓе.
“Го гледам видеото секој пат кога имам главоболка и го препорачувам на секого”, “Ти благодарам! Ова е веројатно 15-ти пат како го гледам видеото, секој пат ми помага”, “Зошто ова функционира? Потполно сум збунет”, се само дел од коментарите кои се појавиле под видеото.
Иако Ваврзиско тврди дека овој трик делува, доколку имате чести главоболки, обратете се кај вашиот лекар.