Вештачката интелигенција ќе стане задолжителен предмет за децата во Кина!

Кинеските медиуми најавија дека вештачката интелигенција ќе биде задолжителна тема во стотици основни и средни училишта во Кина. Училиштата ширум земјата се подготвуваат за новата учебна година во која наставната програма ќе биде збогатена со нова тема – вештачка интелигенција.

Учениците ќе учат за вештачката интелигенција преку селективни курсеви или како дел од задолжителниот наставен план. Пилот-програми веќе се воведени во школите во Шангај и се многу популарни кај учениците од сите возрасти.

Кина последните години постигна голем успех во истражувањето и развојот на вештачката интелигенција, а планира таа тематика да ја направи уште подостапна за децата од сите возрасти. Освен Кина, за воведување предмети на кои ќе се изучува вештачката интелигенција размислува и Германија. Имено, според моменталните планови, вештачката интелигенција може да биде воведена како дел од наставниот план во германските школи и тоа не само како дел од информатиката, туку и како дел од другите природни и општествени науки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.