Урмите се најздравото овошје на светот?

Вистинска витаминска бомба

Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности, поради што се сметаат за најздраво овошје во светот. Тие се одличен извор на природни влакна, кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав се вистинска витаминска бомба, која можат да ја користат и децата и возрасните.

 

ОДЛИЧЕН ИЗВОР НА ЖЕЛЕЗО
Анемичните пациенти би требале да јадат што повеќе урми, затоа што се одличен извор на железо. Во 100 грама урми има околу 0,90 грама железо, што е за околу 11% од препорачаните дневни вредности. Железото, како дел од хемоглобинот во самите црвени крвни зрнца, го одредува транспортот на кислородот во крвта. Најголема потреба за железо имаат децата во пубертет и трудниците.

 

ВИТАМИНИ ЗА ОЧИ
Со оглед дека содржат лутеин и зеаксантин, урмите се нарекуваат и ,,витамини за очи,,. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и макулата на окото, бидејќи ги потпомага клетките на епителот за добар вид и можат да го спречат оштетувањето на макулата, која се јавува во староста.

РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
Поради големата количина хранливи материи, урмите даваат чувство на ситост и го олеснуваат губењето на вишокот килограми. Ако на празен стомак се изеде една урма, таа ќе ја регулира работата на цревата и на организмот ќе му го даде потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа не треба да се претера со нивното консумирање. Еден килограм урми содржи околу 3.000 калории.

 

Постојат околу 100 вида урми, а кај нас се почесто на пазарите може, покрај сувите, да се најдат и свежи плодови од ова овошје. Лесно се варат, го намалуваат чувството на глад и се богати со витамини А и Б-6, фолна киселина, калциум, железо, бакар и магнезиум.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.