УН диета од 90 дена, го менува телото и метаболизмот

Изгубените килограми не се враќаат

Стриктното придржување на оваа диета доведува до слабеење и ослободување од вишокот килограми, но доведува и до промена на метаболизмот, па изгубените килограми не се враќаат.

Диетата трае 90 дена, а доколку е потребно да ослабете помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш НЕ доаѓа до промена на метаболизмот.

УН диетата секогаш започнува со протеински ден, а потоа следи скробен, јагленохидратен, овошен ден, па повторно протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА.

А сега да разгледаме како практично се спроведува овој режим на исхрана.

Појадокот за сите 90 дена е ОВОШЈЕ. Се јадат два плода од едно исто овошје (или една банана) или еден грст суво овошје (избројте 8 парчиња, ќе бидат доволни).

УН диета – прв ден – ПРОТЕИНСКИ ДЕН
Ручек:

-месо: динстано, варено или печено (во количина од ресторанска порција, 2-3 парчиња или околу 250 г) или 3 варени или печени јајца или нешто од млечните производи па и соја.

-Леб: парче интегрален леб – Салата – во неограничени количини со максимално 1 лажица масло

-Супа: задолжително да биде без фиде (1 шолја / 300 мл) а ако се консумираат млечни производи, тогаш супата не е задолжителна, туку се пие шолја јогурт или млеко.

НАПОМЕНА: различните видови протени не се мешаат во еден оброк, но ниту во денот.

Вечера:

Исто што јадевте за ручек, но само половина од мерата за ручек и без супа и без леб. Значи ако за ручек сте јаделе месо, исто ќе јадете и за вечера.

ПРОТЕИНСКИ ДЕН НАМИРНИЦИ:

-јајца варени, пржени

-кајгана со пиперка

-сатараш со јајца

-печено месо

-гулаш со свинско месо или со пилешко месо

-пилешко на скара/грил

-ќофтиња

-филети од риба или туна цо доматен сос (риба: ослич, скуша…)

-полнети пиперки со месо

-мусака со мелено месо и тиквички

-шопска салата

-младо сирење, сирење со сусам

-соја

-внатрешни органи (џигер, бубрег..)

-морски плодови, лигњи..

УН диета – втор ден – СКРОБЕН ДЕН
За ручек:

-грав, грашок, леќа, ориз, компир – варено, единствено со додаток на зачини (сол, вегета, црн пипер, кечап, готвени домати) – полна чинија

-леб – едно парче

-салата

За вечера:

Исто како и за ручек, но половина од мерата. Вечерата е БЕЗ ЛЕБ.

СКРОБЕН ДЕН – НАМИРНИЦИ:

-компир печен, пржен, варен

-помфрит со сусам

-компир салата

-мусака со компир

-компир чорба

-пиперки полнети со компир

-ѓувеч

-ориз со печурки

-пиперки полнети со ориз

-грашок, боранија, грав, варена пченка, житарици во зрно, костени, соја, хумус, леќа, просо

УН диета – трет ден – ДЕН НА ЈАГЛЕХИДРАТИ
Ручек:

Варени тестенини со додаток од зачини – кечап или пица само со додаток на кечап или солено печиво во количина од пица во пицерија (на пример 3 кифли).

За вечера:

Две чинии парче торта или 3-4 колачи или 3-4 топки сладолед.

Задолжително: едно ребро црно чоколадо.

НАМИРНИЦИ ЗА ЈАГЛЕХИДРАТЕН ДЕН:

-посна проја, проја со ајвар, проја со неутрален зеленчук

-пита со кисела зелка, пита со тиква, со зеље, спанаќ, печурки, праз, киселец или пита со блитва

-макарони со печурки или со неутрален зеленчук

-шпагети во доматен сос

-пица со неутрален зеленчук

-кифли, ѓеврек, солени стапчиња, фокача

-палента, нудли

за вечера:

-торти, колачи, сладолед, палачинки, пудинг, мусли

-бисквити со млеко, сутлијаш

-мелени житарки со јаткасти плодови и шлаг

-американски палачинки

УН диета – четврт ден – ВИТАМИНСКИ (ОВОШЕН) ДЕН
Ручек и вечера:

Само мешано овошје – колку сакате. Меѓутоа, ни зеленчукот не е исклучен, така што практично витаминскиот ден може да изгледа вака:

Појадок – како и секој ден: два плода овошје

Ручек и вечера: мешано овошје

НАМИРНИЦИ ЗА ОВОШЕН ДЕН:

-овошје свежо, суво, јаткасто

-печен неутален зеленчук

-чорба од неутрален зеленчук

-печена тиква

-печени јаболка

-смути од зеленчук и овошје

-пудинг од овошје

-кокос бомбици

-супа од зеленчук

ДОПОЛНИТЕЛНА НАПОМЕНА:
-После кругот од 7х4 дена, односно 29.ден се држи воден ден, односно цел ден се пие само вода.

-Задолжително после витаминскиот, а понекогаш и после водениот, се продолжува со протеински ден.

-Кафе и чај може да се пијат, но без шеќер. Соковите се сведуваат на минимум.

-После ручек задолжително се зема 1 таблета која содржи дневна доза витамини и минерали.

-паузи помеѓу оброците (минимална, значи може да биде и подолго растојанието но никако помало) за првиот ден е 4 часови, а вториот и третиот е 3 часа. За време на овошниот ден паузата помеѓу оброците е два часа.

-После 8 часот навечер не смеете ништо да јадете.

Се’ што е наведено мора да се јаде бидејќи има своја улога во организмот. Овошјето е задолжително за појадок, бидејќи најбрзо дава енергија, ачоколадото третиот ден исто така, бидејќи го штити организмот од можни алергии.

Количините на храна е нешто поголема од вообичаено. Мора да бидете доследни и упорни. Може да се случи првите десет дена да не дојде до губиток на килограми, но потоа ќе започне нагло слабеење од 3-4 килограми.

После 90 дена диета, уште 90 дена за појадок се јаде овошје, додека за ручек и вечера се враќате на вообичаен начин на исхрана. Во тој период треба да се изгубат уште 3 кг, што е показател за промена на метаболизмот.

Ако не се изгубат, диетата треба да се повтори, но дури после три месеци.

Диетата не смее да продолжува подолго од 90 дена. Единствено после пауза од три месеци може да се спроведат нови 90 дена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.