Училиштата, градинките и универзитетите се затвараат во следниве две недели?!

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче предложи затворање на градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена. Тој ќе го достави предлогот до Владата, која ќе одлучува на денешната седница и ќе ја објави одлуката во текот на денот.

Исто така, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, како и сите културни и спортски настани. Во соопштението уште се наведува и повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.

Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.