Владата ги усвои мерките на Комисијата за заразни болести, во слендите две недели затворени сите градинки, училишта и факултети

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со министерот за образование и Владата денеска донесе одлука за затворање на сите основни и средни училишта, детски градинки и факултети во Македонија.

-Да се прекине воспитно  образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта, на територијата на целата земја во наредните 14 денови. Да се ослободат вработените од работни обврски од овие установи. За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство од работа кое што ќе биде целосно платено во јавните и приватните институции, рече Филипче.

Тој додава дека наставата се прекинува и на факултетите низ целата земја.

– Се забрануваат масовни собири на отворен и затворен простор со над 1.000 учесници во наредните 14 дена, а се препорачува да се откажат и да не се организираат настаните под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот во наредните 30 дена на територија на целата држава. Се воведува целосна самоизолација од 14 дена на луѓето кои доаѓаат од жариштата, рече Филипче.

Физичките и правните лица кои нема да ги почитуваат овие препораки или ќе ги прекршат истите ќе бидат казнети согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик.

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Gepostet von Сител ТВ am Dienstag, 10. März 2020

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.